Македонката Ирена Србиновска доби ќерка со сопругот, кој го освои на австралиско реално шоу
- Детали
- сабота, 24 февруари 2024
Откако победи на австралиското реално шоу The Bachelor и се венча со ергенот што го освои, Македонката Ирена Србиновска откри дека станале родители.
Во 2020 година, Македонката Ирена Србиновска победи во австралиското реално шоу The Bachelor и го освои ергенот Локи Гилберт.
Од сите девојки во шоуто, Локи ја избра токму неа и парот оттогаш живее во хармонија.
Сега, пак, и двајцата споделија убави вести – си исполниле голема желба и станале родители.
Парот објави неколку емотивни фотки на Инстаграм од породувањето и миговите кога првпат ја зеле во раце новата ќерка.
Ирена се породила во петокот (23.02), а на ќерката ѝ го дале името Ава.
„Ава Александра Гилберт. 23.02.24“, пишува во описот на објавата.
Минатиот месец, Ирена откри дека бременоста не поминала без компликации. Односно, имала деформитет на папочната врвца и во некои случаи ова можело да предизвика проблеми со бебето.
Во Инстаграм објава, Ирена откри дека ова всушност била честа појава и во нејзиниот случај, бебето било помало отколку што треба.
Сепак, изгледа дека сè поминало во најдобар ред, па Ирена и Локи сега се горди родители.
Погледнете и: Уште една Македонка победи и освои ерген во австралиско реално шоу - која е Ирена Србиновска?
Спирова С. | Црнобело