Никол Шерцингер од трибини му испраќа бакнеж на новото момче, тенисерот Григор Димитров (фото)
- Детали
- понеделник, 04 јануари 2016
Со месеци се шпекулира дека Никол Шерцингер и бугарскиот тенисер Григор Димитров се во врска.
Но, иако ниту еден од нив досега не коментирал, односно ниту ги потврдил, ниту демантирал шпекулациите, се чини дека сега со само еден бакнеж Никол ја потврди врската.
37-годишната пејачка седи во ВИП ложата во тенискиот центар во Квинсленд, додека Григор е на пријателски натпревар против Французинот Жил Симон.
Никол не може да ја тргне насмевката од своето лице и задоволно навива за 13 години помладиот Григор, а и посебно е среќна за неговата победа.
Парот се шпекулира дека е во врска уште од јули минатата година, откако Григор ја прекинал 2-годишната врска со тенисерката Марија Шарапова.
Н. Г. | Црнобело