Познати личности за кои јавноста верува дека се масони
- Детали
- сабота, 09 декември 2023
Иако јасни и прецизни информации речиси е невозможно да се дадат, во продолжение ги наведуваме најбогатите личности за кои јавноста мисли дека се масони.
Се верува дека некаде помеѓу 900.000 и два милиона луѓе во САД се масони. Низ целиот свет пак, National Geographic проценува дека масони се околу шест милиони луѓе. Сепак, јасни и прецизни информации речиси е невозможно да се дадат.
Всушност, масонеријата е една од најстарите и најголемите братски организации што датира од 17 век. Иако е практично невозможно да се каже со сигурност, во продолжение ги наведуваме најбогатите личности за кои јавноста мисли дека се масони.
Бил Гејтс
Богатството на Бил Гејтс се проценува на 115,4 милијарди долари, а тој е на седмото место на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот.
Од деведесеттите години, Гејтс донирал неверојатни 50 милијарди долари за добротворни цели. А, кога го основал Мајкрософт во 1987 година, имал само 20 години.
Гласините за поврзаноста на Бил Гејтс со масонството се стари речиси колку и интернетот, а луѓето на ова гледаат како на „око што гледа сè“.
Ворен Бафет
Бафет може да се пофали со огромно богатство од 117 милијарди долари. Овој познат милијардер заработи пари од правење точни инвестиции на берзата.
На 93 години, тој е извршен директор и претседател на Berkshire Hathaway. Бафет ја купил својата прва акција кога имал единаесет години (на почетокот на 1940-тите).
Примарната причина зошто Бафет е толку широко осомничен дека е масон, произлегува од фактот што тој е општо цитиран во неколку публикации за масонството.
Дејвид Рене де Ротшилд
Ротшилдовите имаат астрономскo богатство од 1,2 трилион долари. Со династија која опфаќа финансии, рударство, недвижен имот и енергија, семејството има влијание на неколку големи пазари. Богатството на Дејвид Рене де Ротшилд се проценува на околу 8 милијарди долари.
Гласините за масонството на Ротшилд најверојатно потекнуваат од големата вклученост на семејството во финансиите и банкарството низ целиот свет.
Џејкоб Ротшилд
Џејкоб има богатство од 1,3 милијарди долари и живее на огромен и луксузен имот во Бакингемшир.
Семејството на Џејкоб се сомнева дека се членови на ложата Конкордија, а понатаму оваа гласина може да се препише на моќта и влијанието на Ротшилдови.
Натаниел Ротшилд
Натаниел Ротшилд поседува огромна финансиска моќ, контролирајќи инвестиции од Турција, до Русија и Индонезија. Тој има богатство од околу 1 милијарда долари.
Како и другите членови од неговото семејство, се шпекулира дека Натаниел Ротшилд е масон. Додека бил во Оксфорд, тој бил член на клубот Булингдог (познат по својата ексклузивност, екстраваганција и ритуали кои вклучуваат вандализам).