3 топ модели кои ја одбележаа 2015-та година
- Детали
- петок, 25 декември 2015
Има уште малку до крајот на 2015-та, а веќе е време да ги одбереме најдобрите од најдобрите. По тој повод, сајтот models.com ги избра моделите кои ја одбележаа годинава.
Изборот на моделите бил направен според 3 поделби: според индустријата и според публиката и според полот.
Во листата влегува и Ана Еверс која беше избрана за најдобар модел според индустријата. Таа беше на насловната на Vogue, а ги инспирираше Карл Лагерфелд и Александар Венг.
На прво место според публиката, а второ според индустријата е Џиџи Хадид која дефинитивно ги живее своите 5-минути.
Кога станува збор за машките модели, публиката и индустријата се сложија дека на прво место е Лаки Блу Смит.
С. С. | Црнобело