Дадилка ја открила аферата на Пике - Ја избркал од работа кога ѝ кажала на Шакира
- Детали
- недела, 03 декември 2023
Сите знаат дека Шакира сфатила дека Пике ја изневерува заради теглата со џем што мистериозно се празнела, но малкумина знаат дека за ова ја известила дадилката која била отпуштена од Пике без компензација. Каде е денес Лили Мелгар, жената што му „пресуди“ на поранешниот фудбалер?
Колумбиската пејачка Шакира (46) неодамна најави дека ќе снима документарен филм во кој отворено ќе зборува за неверството на нејзиниот поранешен партнер, фудбалерот Жерар Пике, а малкумина знаат дека клучна улога во разоткривањето на неговата афера со Клара Чиа имала дадилката на нивните два сина, Лили Мелгар.
Целиот свет дозна дека Шакира сфатила дека Пике ја изневерува откако увидела дека некој ѝ го јаде омилениот џем во фрижидерот, којшто не му се допаѓал на Пике.
Потоа беше објавена и Zoom снимка на која се гледа Клара Чиа во позадина, па многумина сфатија дека аферата траела многу подолго.
Но, подоцна се дозна дека всушност главен виновник за тоа што аферата на Пике се открила била дадилката Лили Мелгар, која се грижела за нивните синови – Милан и Саша.
Публиката за првпат имаше можност да ја запознае Лили во спотот на песната на Шакира „El Jefe“. Песната е посветена на сите луѓе кои работат напорно за нивните шефови да уживаат во луксуз и комфор, а на крајот пејачката вели:
„Лили Мелгар, оваа песна е за тебе, не ти платија компензација...“
Кратко по објавувањето на песната, голем број од шпанските и светските медиуми се обидоа да ја откријат приказната за тоа која е Лили Мелгар и какво е нејзиното значење во песната.
Набрзо се дозна дека Лили е поранешна дадилка на синовите на Шакира и Пике, која била отпуштена од страна на фудбалерот откако ја информирала Шакира за неговото неверство.
Наводно, не Шакира, туку Лили била таа што забележала дека храната и џемот во домот на славниот пар мистериозно исчезнуваат, а нашла и скриена женска облека, па одлучила да ја информира пејачката.
Откако Шакира дознала за неверството, Пике ја отпуштил дадилката без компензација за годините поминати со семејството, а одлучил да каже дека таа не си ја вршела работата и ја предупредил да не презема правни мерки против него.
Наводно, дури и Клара Чиа влегла во физичка пресметка со Лили во моментот кога се дознало за аферата.
Шакира за да покаже дека има големо срце, одлучила повторно да ја ангажира Лили да биде дел од нивното семејство кога се преселиле во Мајами, а како последна „шлаканица“ за нејзиниот поранешен партнер ја поканила да учествува во спотот.
За учеството во спотот Лили добила висок хонорар, а договорено е да задржи и дел од авторските права.
Б. С. Б. | Црнобело