Метју Пери заљубено ја гледа Кортни Кокс, исто како што Чендлер ја гледаше Моника
- Детали
- петок, 18 декември 2015
Дали Моника и Чендлер се заедно? Светските списанија и фановите на познатата ТВ серија шпекулираат дека Метју Пери и Кортни Кокс се во врска откако се појави фотографија на Твитер на која двајцата се на ручек.
На Твитер профилот @mccallbing се појави фотографија од Метју Пери и Кортни Кокс, а веднаш до нив исечок од ТВ серијата во која Метју Пери гледа на ист начин во Кортни Кокс како што Чендлер гледаше во Моника.
Пријатели или нешто повеќе?
На ова прашање дополнително се поврза и информацијата дека Кортни Кокс ја откажала венчавката со Џони МекДејд, а Метју Пери уште од 2012 година е сингл по раскинувањето на врската со Лизи Каплан.
Социјалните мрежи збудалуваат, а останува прашањето – дали Моника и Чендлер се остваруваат и во реалноста или тие се само добри пријатели?
matthew looks at courteney the same way chandler looks at monica and i don't know what to do with myself pic.twitter.com/8V1gpvnCCJ
-->
-->
— emma (@mccallbing) December 1, 2015