Емотивно видео: Адел во солзи ја прегрнува Селин Дион, откако ја виде во публика на нејзин концерт
- Детали
- понеделник, 28 октомври 2024
Кога ја здогледа Селин Дион во публиката, Адел истрча да ја прегрне, а и двете пејачки се расплакаа. Адел не крие дека е огромен фан на Селин и еднаш откри дека дома чувала мастика која ја џвакала пејачката.
И покрај болеста позната како синдром на вкочанета личност, Селин Дион уште е активна.
56-годишната пејачка и самата изјави дека нема да дозволи синдромот да ѝ го уништи животот.
Откако ја сподели дијагнозата, Селин Дион се појави на неколку важни настани, а имаше и настап на Олимписките игри.
Неодамна, пак, таа беше на концерт на Адел во Лас Вегас.
На видео од концертот кој се одржа во саботата (26.10), се гледа и мигот кога Адел ја здогледува Селин во публиката.
Додека пее, Адел ја забележува Селин во првиот ред и веднаш почнува да плаче.
Тргнува кон неа и ја прегрнува, па и Селин почна да плаче.
Во емотивното видео, Селин ѝ го допира лицето на Адел и ѝ кажува нешто, пред таа да се врати на сцената бришејќи ги солзите од очите.
Видеото од мигот е споделено на Твитер, каде што бројни корисници коментираат дека и тие се расплакале.
„Пуштив солзи“.
„Еве како треба да ѝ покажеш почит и благодарност на личноста која ти го поплочила патот до успехот“.
„Две кралици!“
„Се гледа дека љубовта меѓу нив е искрена“.
Погледнте го видеото:
Adele and Celine Dion hugging pic.twitter.com/3u8sRRr6dW
— To Be Loved (@god_adele05) October 27, 2024
Добро познат факт е дека Адел е огромен фан на Селин Дион.
Таа дури има откриено дека дома чува мастика што ја џвакала Селин.
„Џејмс Корден, кој ми е пријател и ја снима емисијата Carpool Karaoke, знаеше колку ја сакам Селин.
Па, кога му гостуваше во емисијата, ѝ рече да ми ја даде мастиката што ја џвака и таа ми ја врами“.
Претходно, во 2018-та, Адел беше на концерт на Селин, исто така во Лас Вегас.
Тогаш Селин изјави дека е почестена што во публиката има ѕвезда како Адел.
Спирова С. | Црнобело