Фустан светкав како цела галаксија: Лупита Нионго на премиерата на „Star Wars“ (фото)
- Детали
- четврток, 17 декември 2015
Лупита Нионго одушеви на премиерата на филмот „Star Wars: The Force Awakens“ во долга металик тоалета која совршено ја истакнува нејзината феноменална фигура.
Оваа 32-годишна актерка беше ѕвезда на вечерта во фустанот кој симболично претставува светла точка во универзумот.
Целиот фустан е украсен со кристали, а креацијата го носи потписот на Александар Вотие. Оваа прекрасна тоалета припаѓа на колекцијата на висока мода за пролет/лето 2015 и е апсолутно восхитувачка т.е. совршено одговара за херојот на галаксијата и ѕвезда на овој црвен тепих како што е Лупита.
„Мислев да ја донесам целата галаксија со мене“ – рекла таа на црвениот тепих.
Нејзината коса, собрана во пунџа, беше во стилот на принцезата Леа (лик од филмот) и изгледаше толку убаво со необичниот фустан со модерни исечоци на струкот.
С. С. | Црнобело