Пoзнатите личности ја рецитираат „Hotline Bling“
- Детали
- среда, 16 декември 2015
Мислевте дека доволно пати ја слушнавте оригиналната верзија и многуте кавери на новиот хит на Дрејк, а сепак вакви верзии досега не сте слушнале.
W magazine побарал од 13 познати личности да ја изведат на свој начин хит песната на Дрејк - „Hotline Bling“, преку кои можеме да ги видиме различните начини на глума кои тие ги имаат.
Елизабет Бенкс од рап пародија преминува на смешно рецитирање, Ејми Шумер звучи како да го предизвикува својот пријател. Изведбата на Руни Мара е директна и забавна.
Сите изведби се добри, но изведбата на Брајан Кранстон е дефинитвно најдобра, истовремено е и татковска и заканувачка, како сладок дедо кој ќе ве придобие по читање на приказна за добра ноќ, а сепак знае што значи „When that hotline blings“.
М. Д. | Црнобело