Фудбалер на спектакуларен начин го откри полот на второто дете - шутна топка од која излезе розов чад (видео)
- Детали
- петок, 15 ноември 2024
„Сакавме да скриеме, но на крај сепак ги споделивме убавите вести“ - напиша девојката на фудбалерот Тео Ернадез од „Милан“. Тие направија спектакуларна забава за откривањето на полот на второто дете и ги споделија убавите вести.
Тео Ернандез, го очекува второто дете со девојката Зои Кристофоли. Таа на Инстаграм сподели кратко видео од забавата по повод откривањето на полот на нивното второ дете.
Забавата била исполнета со голем број декорации во розова и сина боја, мечиња, цвеќиња, а полот на бебето беше откриен на неколку начини.
Прво со розов чад и розови конфети, потоа гордиот татко имаше можност да ја шутне фудбалската топка, од која излезе розов чад и на крај мајката ја пресече тортата која беше направена со розов фил во внатрешноста.
Зои во описот на Инстаграм напиша:
„Постојат работи што сакаш да ги зачуваш за себе, но на крај сфаќаш дека вреди да се споделат.
Сè беше како едноставна вечера дома со луѓето што ги сакаш.
А најдобро е што никој не го знаеше полот на бебето, па ниту јас…
Бев уверена во спротивното, па можете да видите дека на крај за малку ќе се онесвестев кога го видов филот на тортата“.
Кликнете на објавата за да го погледнете целосно видеото од забавата:
Инаку, Зои Кристофоли е италијански модел и тату артист.
Таа и Тео се во врска од јуни 2020-та година, а по само неколку месеци врска, парот одлучи да живее заедно.
Тие во 2022-ра година го добија синот Тео Џуниор, кој исто така присуствуваше на забавата за откривањето на полот на неговата неродена сестричка.
Погледнете повеќе фотографии од Зои во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело