Тетка Кортни Кардашијан ја чува Норт Вест (фото)
- Детали
- понеделник, 14 декември 2015
Нејзината мајка Ким Кардашијан се породи и на свет го донесе Сент Вест, а 2-годишната Норт Вест времето го поминува со својата тетка Кортни Кардашијан и нејзината братучетка Пенелопе.
Малечката Норт во присуство на 36-годишната Кортни пристигнува на забава во Беверли Хилс и додека нејзината братучетка е во рацете на својата мајка, таа самостојно оди покрај нив.
Наспроти елегантните избори, составени од луксузни капути, розови чантички и виолетови фустани како принцеза, од страна на својата мајка, покрај својата тетка таа е едноставно облечена со ролка на која има метални детали, патики и подвиткани фармерки.
Додека Норт времето го поминува со својата тетка, нејзините родители се концентрираат на малиот Сент.
Крис Џенер изјави дека: „Малиот Сент личи на својата постара сестра“.
„Сите се добри и подготвени за пристигнувањето на новогодишните празници. По брзото породување на Ким сите се здрави и добри, па можеме да се релаксираме“ – додала таа во интервјуто за THR Women.