Шакира заводнички позира со згодниот актер од Emily in Paris: „Не ми треба маж да ме кочи во животот“

„Јас сум сама мајка и немам сопруг дома да ми помогне со било што, но подобро, бидејќи тој ќе ме кочеше во животот“ – изјави Шакира откако позираше заводнички со секси актерот од Emily in Paris.

shakira-zavodnichki-pozira-so-zgodniot-akter-od-emily-in-paris-ne-mi-treba-mazh-da-me-kochi-vo-zhivotot-01.jpg

Пејачката со колумбиско потекло, Шакира, деновиве има полни раце работа додека го промовира нејзиниот нов албум насловен „Los Mujeres Ya No Lloran“.

Таа објави нови фотки на кои позира со згодниот британски актер Лусиен Леон Лависконт кој се прослави во хит-серијата на Нетфликс, Emily in Paris.

shakira-zavodnichki-pozira-so-zgodniot-akter-od-emily-in-paris-ne-mi-treba-mazh-da-me-kochi-vo-zhivotot-02.jpg

Познато е дека згодниот актер ќе игра заедно со неа во нејзиниот нов спот за песната Punteria, која ја сними заедно со Cardi B, а фотките добија голем број позитивни коментари.

Сите се сложни дека пејачката нашла совршен начин да му покаже на Пике што загубил. 

Освен што објавува фотки и сегменти од песните, Шакира редовно гостува во интервјуа, каде зборува за својот нов проект, но исто така споделува и детали за приватниот живот со поранешниот партнер Жерар Пике, со кого доби два сина.

shakira-zavodnichki-pozira-so-zgodniot-akter-od-emily-in-paris-ne-mi-treba-mazh-da-me-kochi-vo-zhivotot-08.jpg

Пејачката отворено признава дека животот со познатиот фудбалер не бил како од бајките и дека ѝ било многу тешко да најде баланс во животот:

„Како да бев во некоја врска каде што имаше љубов и омраза, затоа што секојпат кога требаше да одам во студио да работам, не успевав.

Се чувствував дека си го оставам семејството незгрижено. Имаше периоди кога воопшто не уживав. Се чувствував виновно, се чувствував растргнато“ – рече таа.

shakira-zavodnichki-pozira-so-zgodniot-akter-od-emily-in-paris-ne-mi-treba-mazh-da-me-kochi-vo-zhivotot-09.jpg

По разводот, Шакира живее во Мајами со децата и вели дека животот целосно ѝ се променил.

„Иако се соочувам со поголем број предизвици затоа што сега сум одговорна за овие две деца, две бебиња што зависат целосно од мене. Јас сум сама мајка и немам сопруг дома да ми помогне со било што.

shakira-zavodnichki-pozira-so-zgodniot-akter-od-emily-in-paris-ne-mi-treba-mazh-da-me-kochi-vo-zhivotot-07.jpg

Но, сепак, добро е што немам сопруг затоа што... Не знам зошто, но тој ме кочеше во животот. Сега имам желба да работам, да пишувам песни. Чувствувам дека сакам да творам музика. Тоа ми е компулсивна потреба што не ја чувствував претходно“ – изјави пејачката.

Погледнете уште неколку фотки на Шакира од фотосесијата со актерот:

shakira-zavodnichki-pozira-so-zgodniot-akter-od-emily-in-paris-ne-mi-treba-mazh-da-me-kochi-vo-zhivotot-06.jpg

shakira-zavodnichki-pozira-so-zgodniot-akter-od-emily-in-paris-ne-mi-treba-mazh-da-me-kochi-vo-zhivotot-05.jpg

shakira-zavodnichki-pozira-so-zgodniot-akter-od-emily-in-paris-ne-mi-treba-mazh-da-me-kochi-vo-zhivotot-04.jpg

shakira-zavodnichki-pozira-so-zgodniot-akter-od-emily-in-paris-ne-mi-treba-mazh-da-me-kochi-vo-zhivotot-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Сантиметрите не се важни за љубов - Славни жени кои се повисоки од своите партнери Зендеја, Камерон Дијаз, Никол Кидман - овие дами се доказ дека висината не е сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg