Малата Норт Вест ги опомена папараците да не сликаат (видео)
- Детали
- четврток, 29 октомври 2015
Норт Вест се чини дека е талентирано мало девојче кое во придружба на една од блиските пријателки на мајка ѝ оди на часови по балет во студио во Лос Анџелес.
Малата балерина е облечена во Balmain капут по нарачка кој чини 2.300$, здолниште од тул и мало розово боди.
Како што е вообичаено, косата и е фатена во репче високо на главата.
Меѓу другото, се чини дека го наследила ставот од татко ѝ, додека се движи накај студиото бара од папараците да не ја фотографираат, велејќи: „Реков без фотографии!“.
Како со зборови така и со движења, малата Норт е енергична и весела, па додека се движи накај студиото испробува по неколку балетски движења со помош на својата придружничка.