Како изгледаат актерите од „Пипи долгиот чорап“ 55 години подоцна?
- Детали
- сабота, 24 февруари 2024
Дечињата глумци имале едвај по 10 години за време на снимањето. А, актерката што ја глумеше Пипи и денес ја има препознатливата карактеристична насмевка.
Филмот и серијата „Пипи долгиот чорап“ се снимени во 1969 и 1970 година, според книгата на Астрид Линдгрен, а главната улога ја имаше Катрин Ингер Моника Нилсон.
Ингер тогаш имала само 8 години, а улогата на бестрашната Пипи ја добила на аудиција на која се пријавиле 8.000 деца.
За оваа улога, Ингер во 1975 година ја освоила наградата TP de Oro за „најпопуларен лик“.
Меѓутоа, поради тогашните закони, никогаш на ѝ бил исплатен хонорарот за оваа улога.
За време на снимањето живеела во изнајмен стан во Стокхолм со дадилката и секојдневно ѝ се јавувала на својата мајка и плачела да ја земе дома.
Многу се плашела од коњите во филмот, а ни пријателот мајмун не ѝ прераснал при срце.
Ингер изјавила дека поради улогата на Пипи не добивала нови ангажмани.
Еден од режисерите дури ѝ рекол дека не сака да ја има Пипи на сцената.
Родена е на 4 мај 1959 година и денес има 64 години и живее во Стокхолм.
Работи како секретарка, а повремено прифаќа по некоја театарска улога.
Посветена е на сопругот и децата, а пред повеќе од деценија учествувала во едно реално шоу во кое неколку познати личности престојувале во џунгла неколку недели.
https://www.instagram.com/p/CjKkllxLxvH/?hl=en&img_index=1
Кога ќе ја видите нејзината специфична насмевка, веднаш ќе се навратите на детството и симпатичното девојче со пеги и црвените плетенки кое секогаш им се спротивставува на возрасните.
https://www.instagram.com/p/CxOAYtfI5NY/?hl=en&img_index=1