Софија Лорен открива: Дали е можно да сакате двапати во животот?
- Детали
- вторник, 17 ноември 2015
Кога во 1934-та година се родила Софија Лорен (по татково Шиколони), веројатно никој не можел да претпостави дека на свет дошла една од најголемите диви на светскиот филм.
Со својот талент и убавина таа ги поминала границите на Италија и освоила милиони луѓе.
Централен дел од нејзиниот живот зазела љубовта кон продуцентот Карло Понти и раѓањето на нивните два сина.
Таткото на актерката, Рикардо Шиколони, бил инженер, а мајка ѝ, Ромилјда, учителка по пијано. Пораснала покрај својата сестра Марија и мајка ѝ, откако татко им ги напуштил. Сиромаштијата во текот на детството ја направило силна и снаодлива личност.
Сестра ѝ Марија подцна се венчала за Романо Мусолини, синот на Бенито Мусолини.
Софија започнала да се занимава со глума уште од својата 15-та година. Нејзиниот псевдоним бил Софија Лазаро.
По серија мали улоги, таа го запознала Карло Понти. Врската со овој продуцент и донела важен филмски договор. Набргу, Софија Лазаро се преименувала во Софија Лорен.
„Беше постар од мене и претставуваше многу повеќе од љубов, тој беше таткото кој никогаш го немав“ – изјавила Лорен.
Големата разлика во годините во тоа време се сметала за голема препрека. Нивната љубов била означена како скандалозна. Понти во тоа време веќе бил во брак, а разводот не бил законски дозволен.
По 7 години врска, Софија и Карло легално стапиле во брак. На нејзиниот 23-ти роденден. Но, бракот набргу бил поништен поради стравот да не бидат обвинети за бигамија.
По преселбата во Франција, повторно се венчале во 1966-та година. Останале заедно сè до неговата смрт во 2007-та година.
Кога ја прашале дали повторно може да сака, одговорила: „Никогаш повеќе. Не е возможно да сакате двапати во животот“.
Љубовта меѓу актерката и продуцентот е крунисана со двајца синови, но пред да ги добие нив, таа се соочила со два прекини на бременоста.
„Конечно, по 9 месеци лежење во болничката соба, решив да се соочам со реалноста. Четири години подоцна, повторно останав бремена. Едуардо е роден на 6 јануари 1973-та година. Кога ми се роди првото дете мислев дека животот не може да биде подобар. Тоа беше мистерија на мајчинството“ – изјавила.
Италијанската дива е една од најубавите лица на светската кинематографија, но и брилијантна актерка.
За улогата во филмот „La Ciociara“ освоила Оскар.