Се грижи за сопругата, поправа низ дома гол – Зошто сите сакаме сопруг како Дејвид Бекам?
- Детали
- вторник, 26 март 2024
„Имам скала само уште тој ни фали“ – се шегуваат Македонките во коментари на објавата на Викторија на која Дејвид полугол менува светилка. Со кои други гестови тој се докажува како сопруг од соништата?
Викторија Бекам (50) на Денот на вљубените имаше незгода во теретаната и го скрши стапалото, па веќе подолго време оди со помош на патерици, а во овој период најголема поддршка ѝ е сопругот Дејвид Бекам, кој постојано ѝ помага и се труди да ѝ олесни во овој тежок период.
Викторија на својата ревија во рамки на модната недела во Париз, на пистата прошета со патерици и лонгета, а во сите медиуми веднаш беше пренесено видеото во кое размени бакнеж со сопругот кој беше тука за неа во првите редови.
Освен тоа, парот беше фотографиран од папараци како се шета низ градот на љубовта, а Дејвид уште еднаш покажа дека е вистински џентлмен кој се грижи за својата поубава половина, па со едната рака ја придржуваше додека таа се движеше со помагалата, а со другата држеше огромен чадор за да не наврне.
Во повеќе наврати модната дизјанерка споделува видеа од сопругот како врши куќни поправки, а неодамна сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како поранешниот фудбалер полугол се качува на висока скала за да ги замени светилките во домот.
„Електричарот повторно дојде. Среќен петок, нема на што“ – се пошегува модната дизајнерка во описот до видеото, а до него имаше коментари и од следбенички од Македонија.
„Имам скала, само уште он ни фали“ – стои во еден од коментарите.
Со оглед на тоа што Викторија речиси месец и половина се движи со лонгета, а заздравувањето на скршеницата трае подолго од очекуваното, Дејвид одлучил на сопругата да ѝ купи подарок со којшто таа конечно ќе може да го одмори стапалото.
Таа на Инстаграм се пофали дека тој ѝ подарил скутер вреден околу 350 евра, наменет за лица со скршеници, со чијашто помош таа ќе може да се движи без да ја оптоварува болната нога.
Скутерот има меко седиште на кое Викторија треба да го стави коленото и да го тргне од подот, а на него има голема кошница и ѕвонче.
„Ѕвонче за мојата убавица“ – вели Дејвид на шега во видеото што Викторија го сподели на Инстаграм Стори, а таа пак се шегува дека во корпата ќе собере многу вино.
Кога ќе се соберат сите овие работи станува јасно зошто Дејвид Бекам за многу жени во светот е „сопруг од соништата“. Се сложувате?
Прочитајте и Мораа да ја кријат врската, Викторија го запросила Дејвид - 8 факти за бракот на Бекамови, по повод 23-тата годишнина
Б. С. Б. | Црнобело