Што ќе има во торбичките со подароци на Оскари 2024 (кои чинат 180.000 долари)?
- Детали
- петок, 08 март 2024
Годинава номинираните актери ќе добијат ваучер за 3-дневен престој во вила во Швајцарија во вредност од 50.000 долари. Ќе добија и други луксузни подароци од околу 70 брендови, сите вкупно во вредност од дури 180.000 долари.
Како и секоја година, и овогодишните ѕвезди номинирани за Оскар ќе добијат торбичка со луксузни подароци.
Па, оние кои нема да добијат статуетка, барем нема да си заминат дома со празни раце.
Годинава подароците во торбичката се во вредност од дури 180.000 долари, а дел од нив се од мали брендови.
„Додека нашите подароци се познати по тоа што се забавни и уникатни, тие исто така имаат за цел да ги прослават малите бизниси, брендовите во сопственост на малцински групи, жените претприемачи и компаниите кои му враќаат на општеството.
Ова е рекламирање преку познати личности, со мисија“, велат од маркетинг компанијата која е одговорна за подароците.
Треба да се нагласи дека иако ги викаат торбички со подароци, подароците се всушност огромни и се доставуваат до домот на ѕвездите.
На фотката подолу се гледаат подароците за актерката Емили Блант.
Па, што ќе добијат ѕвездите на најважната вечер во филмската индустрија?
Најевтиниот подарок е нискокалоричен пијалак од брендот Poppi, чија вредност изнесува 9 долари.
Наводно, околу 29 од подароците во торбичката вредат помалку од сто долари.
Овде спаѓаат колекционерско издание на Рубиковата коцка, потпирач за чанта, како и органска храна за миленици.
Номинираните ќе добијат вид шеќер добиен од јаворово дрво кој чини и до 1.000 долари за килограм.
Ќе добијат и приватна консултација за експерт со спиење.
Во торбичките има и ваучер за скап третман во салон за разубавување во вредност од 10.000 долари, но и приватно шоу со Карл Кристман кое вклучува магионичарски трикови, читање на умот и хипноза.
Најскапиот подарок е ваучер за 3-дневен престој во вила во Швајцарија по цена од 50.000 долари.
Подароците вклучуваат и безброј други ситници како луксузни кујнски садови, додатоци во исхраната, навлаки за перници, маички, тоник и серум за лице, па дури и пуканки од луксузен бренд.
Ѕвездите ќе добијат и пар чевли, колагенски пијалаци, здрави грицки, продукти за кожа и коса, две-три книги…
Севкупно, ѕвездите ќе добијат подароци од околу 70 брендови кои плаќаат по 4.000 долари за нивните продукти да се најдат во торбичките.
Тие ја плаќаат оваа сума со надеж дека нивните продукти ќе им се допаднат на славните, па тие ќе сакаат да ги рекламираат.
„Додека подароците, како и секогаш, чинат многу, ова не е нашата цел. Овие подароци се даваат поради непроценливата вредност што славните можат да им ја дадат на брендовите.
Секако, славните можат да си ги купат сите овие работи, но со ова тие се во уникатна положба за рекламирање. Ова е вид трансакција во која добиваат сите“, додаваат од компанијата одговорна за подароците.
Спирова С. | Црнобело