Најголемите каприци на славните
- Детали
- недела, 15 ноември 2015
Ги отпуштате дадилкитe бидејќи вашите деца ги засакуваат повеќе од вас, смеете да викате по секого и никој не смее да ви каже нешто.
Ова се само дел од каприците на познатите ѕвезди со кои на моменти воопшто и не би сакале да работите.
Ен Хатавеј
Снимајќи во Јапонија, актерката четири пати го вратила појадокот, со објаснување дека јајцата не се подготвени на вистинскиот начин.
Мараја Кери
Кон своите соработници се однесува како кон вистински непријатели; самата пејачка признава дека ги отпушта своите дадилки кога ќе забележи дека децата се зближуваат повеќе со нив отколку со неа.
Кетрин Хејгл
Шонда Рајмс, продуцентката и авторка на позната серија „Вовед во анатомија“ призна дека ја отпуштила актерката заради нејзиното однесување на дива и неподносливиот карактер. Кетрин сепак ги негираше гласините, изјавувајќи дека самата решила да се повлече од серијата за да се посвети на други проекти, иако мора да признаеме дека оттогаш и не дека многу често можеме да ја видиме на филмското платно.
Џастин Бибер
Последните неколку години неговите соработници постојано мораа да го средуваат хаосот кој младата ѕвезда го оставаше зад себе, а беше поврзан, пред сè, со дрога и апсења.
Наоми Кемпбел
Позната по своите бурни испади кои во 2006-та година доведоа и до нејзино апсење (фрлајќи со телефонот по една од нејзините помошнички што резултирало со повреда на вратот на истата) Наоми Кембл беше обвинета за „малтретирање“ од страна на нејзината колешка и непријателка Тајра Бенкс.
Лејди Гага
Нејзината поранешна лична асистентка, Џенифер О`Нил, раскажува како за време на нејзината последна турнеја била принудена да ја дели не само собата туку и креветот со познатата ѕвезда. Па, не е ни чудно што го носи епитетот „поранешна.“
Бритни Спирс
По нејзиниот колапс во 2007 година, Бритни започна со потпишување договори за необјавување информации, т.е. нејзините соработници мора да се обврзат дека ќе внимаваат да не објават никому сè она што ќе видат или слушнат од дивата.
Кристина Агилера
Во деновите кога не е расположена вика по сите и не зборува со никого, освен ако нема некаква замерка. Позната е, исто така, и по нејзините навредливи коментари за физичкиот на своите колешки (Кели Озборн е помеѓу првите на листата), но откако и самата качи неколку вишок килограми по бременоста, голем број од луѓето воопшто не се воздржаа да го премолчат тоа.
М. С. | Црнобело