Рита Ора имаше „модна двојничка“, Џенифер Анистон и Софија Вергара гламурозни – модата на Еми наградите (2024)
- Детали
- понеделник, 16 септември 2024
Софија Вергара измами воздишки во долг црвен фустан со смело деколте, а Рита Ора сигурно не очекувала на настанот да се појави во речиси идентичен аутфит со друга позната дама. Модните изданија на црвениот тепих на Еми наградите (2024).
Најголемите телевизиски и филмски ѕвезди синоќа (15.09) се собраа во Лос Анџелес на доделувањето на Еми наградите (Primetime Emmy Awards).
Ова беше уште една можност за најпознатите дами на црвениот тепих да зачекорат во гламурозни изданија, а очигледно е дека за голем број од нив инспирација бил стариот Холивуд и елегантните тоалети со смели деколтеа.
Меѓу оние што оставија најголем впечаток е Џенифер Анистон, која носеше тоалета на Oscar de la Renta од тантела во форма на школки, со голем број бисери. Актерката изгледот го надополни со дијамантски накит.
Селена Гомез, пак, се појави во долга црна тоалета со циркони околу вратот, а Софија Вергара измами воздишки во долг црвен фустан со смело деколте.
Рита Ора носеше розов фустан со пердуви и со длабоко деколте, но се чини дека пејачката имала слична инспирација со уште една друга дама, па така таа и Мексиканката, Еиза Гонзалес се појавија во речиси идентични модни изданија.
Најбизарно годинава, беше изданието на драг кралицата позната како Plane Jane, која била дел од реалното шоу Drag Race, а на настанот се појави во црвен фустан со гради што претекуваат и испакнати усни.
https://www.instagram.com/reel/C_9YM-8y4bT/
Погледнете повеќе фотографии во галеријата:
Б. С. Б. | Црнобело