Џастин Бибер доминираше на MTV EMA 2015 со 5 освоени награди
- Детали
- понеделник, 26 октомври 2015
Џастин Бибер доминираше на овогодинешните MTV EMA и дома се врати со 5 награди. Без сомневање беше пресреќен со фактот што ја испразни масата и со себе зема 5 од 6-те награди за кои беше номиниран оваа година.
21-годишната поп ѕвезда освои награди за најдобар машки изведувач, најдобар светски настап: Северна Америка, најдобра соработка, најмногу фанови и најдобар изглед.
Канадскиот пејач изгледаше одлично и „кул“ при пристигнувањето на шоуто чии главни презентери беа Руби Роуз и Ед Ширан.
Со својот изглед се издвои од другите гости на MTV EMA 2015 со обична црвена маица и панталони во иста боја.
Бибер беше првиот кој освои награда уште на самиот почеток на церемонијата на доделување за најдобар машки изведувач изјавувајќи: „Ви благодарам, неколку години го чекав овој момент. Неверојатно е што мојата музика веќе е препознатлива. Сакам да им се заблагодарам на моите фанови, мајка ми и татко ми, Господ и сите други, ве сакам, ви благодарам“.
По освојувањето на првата награда уште еднаш настапи на сцената со одличен перформанс на песната „What Do You Mean“.
Следната награда која ја освои беше Најдобар светски настап: Северна Америка за која изјави: „Ве сакам. Ниту еден од овие моменти не ги земам здраво за готово. Неверојатни сте. Тука припаѓам, на сцената“.
Џастин освоиуште три други награди, за најдобра соработка со Скрилекс и Дипло, најмногу фанови и најдобар изглед.