Берлин во приватен живот е лудо вљубен во Србинка - Факти за актерот од новата хит серија на Нетфликс
- Детали
- недела, 07 јануари 2024
Долго време го криеше својот приватен живот, а на прв поглед се вљубил во убавата Србинка Татјана Ѓорѓевиќ, која се занимава со терапии со хипноза. Што знаеме за Педро Алонсо кој ја толкува улогата на Берлин во La Casa De Papel и Berlin на Нетфликс?
Актерот Педро Алонсо (52) публиката имаше можност да го запознае во хит серијата La Casa De Papel, а сега повторно е актуелен заради хит-серијата на Нетфликс, посветена на ликот што тој го толкуваше претходно – Berlin.
Важи за еден од омилените ликови и во претходната серија, а сега со Berlin повторно успева да ги освои срцата на голем број други гледачи низ светот и да стекне голем број фанови не само во родната Шпанија, туку и во целиот свет.
https://www.youtube.com/watch?v=XD_MLvGrGCY
Што знаеме за актерот кој маестрално ја толкува улогата и во двете серии?
Актерот е роден како Педро Гонзалез Алонсо во Галиција во Шпанија. Тој е роден во 1971-ва година, а во Галиција ги завршил основното и средното образование.
Се преселил во Мадрид за да учи на вишата школа за драмски уметности, каде дипломирал во 1992-ра година, а освен тоа изучувал танц и следел голем број други курсеви за глума. Освен што глуми, тој сака и да слика и да пишува.
Пред да се прослави со улогата во La Casa De Papel, во родната Шпанија тој бил познат заради улогата во историската драма Gran Hotel.
За улогата Берлин, тој во една пригода призна дека воопшто не му се допаѓал ликот што го игра, барем на почетокот.
„Тој има лоши намери, неговите морали се подвоени и речиси секогаш повеќе е наклонет кон темната страна“ – рече Педро, но и покрај сè јасно е дека оваа улога му донесе голема слава, па заради тоа одлучил повторно да се појави во истата улога.