Роби Вилијамс на сцена по грешка флертува со тинејџерка
- Детали
- понеделник, 19 октомври 2015
Роби Вилијамс моментално е на тура во Австралија и како што е вообичаено за него, секогаш одбира некој од своите фанови и ги вметнува во кратко шоу.
Овојпат имал голем избор на жени, но за негова несреќа одбрал 15 годишно девојче.
Роби ја одбрал 15-годишната Морган која била на неговиот концерт заедно со нејзината мајка и започнал со делење на „комплименти“ кои се типични за него: „Ми се допаѓа изгледот на секретарка. Тоа ме потсети, ќе морам да ги избришам сликите кои ги пребарував“.
Откако ја прашува колку години има, веднаш зажалил за речениците кои ги упатил кон неа, а публиката громогласно започнува да се смее.
Потоа започнува да разговара со нејзината мајка и праќа отворена молба оваа шега да не заврши на YouTube.
Но, некој од фановите не го послушал: