Како „природната“ убавица Блејк Лајвли незабележително си го промени ликот низ годините?
- Детали
- вторник, 13 август 2024
Од „бејби-фејс“ тинејџерка до гламурозна холивудска дама – иако оддава впечаток на природна, сепак изгледа направила мали козметички процедури и операции за да го промени изгледот, без никој да се забележи.
Блејк Лајвли важи за навистина природна убавица, која не користи премногу шминка, ниту пак изгледа вештачки како да направила тон козметички процедури.
Таа секогаш блеска со посебен сјај и шарм, каде и да се појави, во секое издание и изгледа како да гламурот и доаѓа без посебен труд.
Сепак, иако за многумина незабележително, таа во текот на годините направила неколку козмтички процедури и оперативни зафати со кои променила некои работи во нејзиниот лик.
Но, тие се направени умерено и умешно, па се забележуваат само доколку една до друга ги ставите фотките од пред 10-тина години и денес.
За повеќе светски медиуми, експерти во индустријата и пластични хирурзи, тврдат дека Блејк има направено операција на носот, за да ѝ изгледа потенок, поправ и тесен, но истата е направена да не изгледа многу впечатливо и вештачки.
Се верува и дека ставила филери во усните, а веројатно направила и козметички процедури на забите, како избелување, но и реоформување на непцата, кои веќе не ѕиркаат толку многу кога ќе се насмее.
Во продолжение погледнете фотки од нејзината еволуција во изгледот низ гoдините:
2005-2006 година (пред да се прослави)
2007-2012 година (периодот на Gossip Girl и неколку други филмови)
2013-2017 (од мало на големо платно - The Age of Adaline, The Shallows, награди)
2018-2023 (холивудска, гламурозна дама)
Нови фотки од 2024:
М. М. | Црнобело