Никол Шерцингер признава дека залудно потрошила 7 години со Луис Хамилтон
- Детали
- вторник, 06 октомври 2015
Никол Шерцингер цели 7 години беше во врска со возачот на Формула 1, но по прекинувањето на истата, таа многу малку информации сподели со јавноста околу причините за прекинот. Овој пат, решила да го отвори срцето и да ја раскаже дел од приказната за нивната бурна романса.
За време на интервјуто за шоуто „Wendy“ водителката Венди Вилијамс ја отвора жешката тематика за поранешната пејачка на The Pussycat Dolls. И рекла дека мисли сите тие години со Луис Хамилтон биле залудни, бидејќи на крајот не се венчале и не основале семејство.
„Ти го кажувам ова искрено, бидејќи имаш 37 години и помина 7 години од својот живот во смирување и раскинување со некого“ – искрено и кажала водителката и додала: „Тие 7 години не можеш да ги вратиш“.
Никол не ги негирала овие факти, туку едноставно рекла „добро“.
Продолжила со објаснување дека тоа е дел од судбината како и тоа дека сè се случува со причина.
„Знаете, сè се случува со причина. Јас сум девојка која верува во судбина како и тоа дека 7 години се навистина долг период“ – објаснила Никол.
Погледнете го интервјуто: