„Ме оддалечија од децата, ги ’купуваат‘ со Prada подароци“: Бившата на Тревис Баркер ги критикува Кардашијанс

„Моите деца го гледаа шоуто на Кардашијанс и сега татко им се гледа со една од нив, па и тие ќе бидат во шоуто. Им купуваат Prada, им купуваат подароци, одат на секакви настани, го запознаа Канје... Јас не можам да им го овозможам тоа. Немам пари за тоа“, вели бившата сопруга на Тревис Баркер, откако го нарече тапанарот алкохоличар и „женкар“.

me-oddalechija-od-decata-gi-kupuvaat-so-prada-podaroci-bivshata-na-trevis-barker-gi-kritikuva-kardashijans-01.jpg

Благодарение на Кортни Кардашијан, тапанарот Тревис Баркер стана една од најпознатите личности во светот.

Покрај него, јавноста дозна и за неговата поранешна сопруга – Шана Моаклер – која отворено го критикува тапанарот, но и целото семејство на Кортни.

saka-da-me-oddalechi-od-decata-gi-kupuva-so-prada-podaroci-bivshata-na-trevis-ja-kritikuva-kortni-kardashijan-09.jpg

Сега, пак, Шана го нарекува Тревис алкохоличар и „женкар“.

„Тревис валкано ме изигра. Неговото пиење е проблем, неговата зависност, тој е ’женкар‘“, вели Шана во поткаст.

saka-da-me-oddalechi-od-decata-gi-kupuva-so-prada-podaroci-bivshata-na-trevis-ja-kritikuva-kortni-kardashijan-07.jpg

Тапанарот и поранешната сопруга добија две деца, пред да се разделат во 2008-ма.

Шана не го криеше мислењето и за Кардашијанс, користејќи пцости.

„Нема потреба да го сакам тоа проклето семејство. Одвратни се. Одлучив да се повлечам за тие (Тревис и Кардашијанс) да не можат да се поврзат со моите деца преку нивната заедничка омраза за мене“.

saka-da-me-oddalechi-od-decata-gi-kupuva-so-prada-podaroci-bivshata-na-trevis-ja-kritikuva-kortni-kardashijan-08.jpg

По ова, Шана додава дека и покрај тоа што односот со децата ѝ е влошен поради Кардашијанс, таа секогаш ќе ги сака и ќе им биде мајка.

„Ќе бидам овде како ваша мајка, и ќе чекам. Преку глава ми е од луѓето да ме хејтаат. Има луѓе кои не го сакаат тоа семејство, не го гледаат нивното глупаво шоу и не им е гајле што прави Ким Кардашијан со нејзиниот задник.

Кога Тревис почна да се гледа со Кортни, тој сакаше да биде ’супер татко‘. Ми велеше дека бил најдобриот родител, дека бил ова, дека бил она. Му реков во ред, ти победи. Ти ги имаш сите пари. Ти имаш сè. Ти победи“.

saka-da-me-oddalechi-od-decata-gi-kupuva-so-prada-podaroci-bivshata-na-trevis-ja-kritikuva-kortni-kardashijan-02.jpg

Шана ги обвини Кардашијанс дека и тие пробуваат да ја оддалечат од децата:

„Децата го гледаа шоуто на Кардашијанс и сега татко им се гледа со една од нив, па и тие ќе бидат во шоуто. Им купуваат Prada, им купуваат подароци, одат на секакви настани, го запознаа Канје...

Јас не можам да им го овозможам тоа. Немам пристап до тоа. Немам пари за тоа. Не можам да им купувам Prada секоја недела. Мојата куќа не е палата како на Тревис. Немам кино дома“.

saka-da-me-oddalechi-od-decata-gi-kupuva-so-prada-podaroci-bivshata-na-trevis-ja-kritikuva-kortni-kardashijan-06.jpg

saka-da-me-oddalechi-od-decata-gi-kupuva-so-prada-podaroci-bivshata-na-trevis-ja-kritikuva-kortni-kardashijan-03.jpg

saka-da-me-oddalechi-od-decata-gi-kupuva-so-prada-podaroci-bivshata-na-trevis-ja-kritikuva-kortni-kardashijan-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg