Деми Ловато гола, без шминка и Фотошоп (фото)
- Детали
- понеделник, 05 октомври 2015
Деми Ловато и фотографот на Венити Фер, Партрик Еклесин, го објавија проектот на кој работеле заедно - голи фотки без шминка и Фотошоп со една феминистичка порака.
Младата пејачка досега многупати во јавноста отворено зборувала за својата борба со анксиозноста, депресијата и нарушувањата во исхраната, па решила дека разголената фотосесија е совршен финиш на нејзината извојувана победа.
Со природни, нефотошопирани фотки Деми Ловато имала за цел да им испрати порака на сите млади девојки и жени ширум светот дека не постои изговор заради кој не треба да се чувствувате удобно во својата кожа.
„Научив дека можеш да стигнеш до фазата во која ја обожаваш кожата во која си, и овој пат сум многу возбудена што тоа можам да го споделам со светот.“