„Ми се јавуваше на телефон и мастурбираше“ – Канје Вест обвинет за сексуално малтретирање од поранешната асистентка
- Детали
- вторник, 04 јуни 2024
Канје Вест на асистентката ѝ ветил плата од 4 милиони долари, барал да му биде достапна 24/7, а ѝ праќал видеа во кои има секс со други жени и порно снимки со позите што сака да ги проба. Поранешна асистентка го тужи контроверзниот рапер за сексуално вознемирување.
Поранешната асистентка на Канје Вест, Лорен Пишиота поднесе тужба за сексуално вознемирување и неправедно отпуштање.
Како што пишува Page Six, таа почнала да работи за раперот како асистентка во 2021-ва година додека тој се подготвувал да ја лансира својата модна линија Yeezy.
Наводно, на инфлуенсерката која соработувала со раперот и за неговите песни, Канје ѝ понудил 1 милион долари плата, а единствен услов бил таа да му биде достапна 24 часа дневно, седум дена во неделата.
Лорен претходно заработувала околу 1 милион долари на платформата OnlyFans, сè додека Канје не побарал од неа да стане „морална“ личност и да го избрише профилот, а ѝ ветил дека тој ќе ѝ ги доплати парите што вообичаено ги заработувала оттаму.
Канје никогаш не ѝ ја зголемил платата, а набрзо потоа почнал да ѝ праќа вознемирувачки и вулгарни пораки.
Освен деталните описи на сексуални чинови, тој ѝ праќал и видеа од сексот што сакал да го искуси, заедно со фотографии и видеа од неговите сексуални односи со други жени.
Таа во тужбата навела неколку инциденти што се случиле додека работела за поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, па така тој наводно во една пригода мастурбирал додека разговарал со неа на телефон, а во друга пригода ја натерал да го соблече џемперот додека имале состанок затоа што „била премногу прекриена“.
Поранешната асистентка тврди дека тој во една пригода ја заклучил собата во која биле заедно и мастурбирал до неа пред да си легнат да спијат, а контроверзниот рапер станал агресивен откако таа одбивала да се гледа или да има секс со него.
До септември 2022-ра година таа била унапредена и ѝ била понудена плата од 4 милиони долари, но само еден месец по унапредувањето била отпуштена од работа.
Нејзе ѝ бил понуден пакет од 3 милиони долари при отказот, а наводно овие пари никогаш не ги добила.
Сега таа бара компензација за прекршување на договорот и за непријатните услови за работа. Канје досега се нема огласено за обвинувањата.
Инаку, ова не е прва тужба со која Канје се соочува годинава.
Во април годинава, поранешниот вработен Тревор Филипс го тужеше за вознемирување, расна дискриминација и одмазда.
Погледнете уште неколку фотографии од Лорен во продолжение:
https://www.instagram.com/p/C5ZYOxsP17l/?hl=en
https://www.instagram.com/p/C12fR_oPoTD/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CeXp2mkLi8O/?hl=en
Б. С. Б. | Црнобело