Целосно природни: Познати личности кои немаат ниту една пластична операција
- Детали
- вторник, 22 септември 2015
Силиконски гради, усни, ботокс, поголеми усни... Изборот на промени кои познатите ги прават е голем, а пластичниот идеал кој го наметнуваат не би требало да го воведеме и во нашиот живот.
За среќа постојат ѕвезди кои не легнале под ножот и кои зрачат со природна убавина однатре и однадвор.
Еве кои 10 ѕвезди сè уште немале некаква пластична операција:
1. Ева Лонгорија
Веќе е во своите 40-ти, а изгледа феноменално и што е најважно задоволна е со својот изглед, па не сè уште не се одлучила за некаква промена.
2. Хали Бери
Верувале или не, таа наскоро влегува во својата шеста деценија, а сè уште изгледа одлично и не се плаши да го покаже своето тело.
3. Бијонсе
Поп дивата воопшто нема потреба од пластични операции. Нејзините природни облини се поддршка за сите жени.
4. Шарлиз Терон
Таа отсекогаш била позната по својот сексапил и претставува идеал за убавина на многу жени. Во една ситуација има изјавено дека не го гледа своето тело како совршено, но го сака такво какво што е.
5. Селма Хајек
Нема проблем да признае дека е вистински гурман кој ужива во храната, а со своите облини, таа е пример дека не мора да бидете слаби за да бидете згодни.
Уште 5 природни славни жени на следната страна...