Џенифер Анистон на 46 години е бремена со близнаци!
- Детали
- четврток, 17 септември 2015
Само неколку месеци по тајната венчавка со Џастин Тероу, Џенифер ќе стане мајка, тврди насловната на магазинот OK!
46-годишната актерка наводно ги открила среќните вести само неколку недели по венчавката.
„Му зготви романтична вечера, а потоа му најави големо изненадување. Потоа му ги покажа резултатите. Тој беше преполн со емоции, всушност, малку и заплака. Џенифер беше пресреќна од реакцијата,“ вели изворот за најновиот број на OK! Магазинот.
Актерката не знаела дека носи близнаци, но откако открила, на Џастин му испратила порака со слика од ултразвукот и шега дека ќе имаат дупла обврска.
Двете бебиња се женски, па дури почнаа да се шпекулираат и имиња. Џенифер се уште нема одлучено, но први имиња кои и се допаѓаат се Ава и Лила. Сепак изворот вели дека има време за предомислување.
Анистон е во 3-от месец од бременоста, а OK! магазинот објави и фотка од ултразвукот.
Сепак, никој од Џенифер и Џастин ги немаат искоментирано и потврдено овие информации, иако се прилично детални.