„Успеа да живееш среќен живот“: Сара Мишел Гелар се сеќава на Робин Вилијам
- Детали
- среда, 12 август 2015
Пред една година светот го загуби еден од најсаканите актери и комичари, Робин Вилијамс, но неговите фанови и блиски пријатели сè уште не забораваат на него и наоѓаат различни начини да му оддадат чест за неговата смрт.
За таа цел, Сара Мишел Гелар објавила фотографија на нејзиниот Инстаграм профил по која кажува како го памети својот колега од ТВ серијата и комедија „The Crazy Ones“. Во оваа серија тој го глумеше нејзиниот татко и иако серијата траела само една сезона, пријателството меѓу нив двајца не замрело.
Токму затоа, таа се одлучила да ја посети клупата на која Робин Вилијамс и Мет Дејмон седеле во еден од најпознатите филмови „The Good Will Hunting “ која по неговата смрт станала место каде многумина оддаваат чест за смртта на овој актер.
Веднаш под фотографијата таа споменува цитат од Ралф Емерсон: „Да се смеете многу, да стекнете почит меѓу интелигентните и љубов од децата, да го заслужите славењето од критичарите и да преминете преку предавствата на лажните пријатели, да ја славите убавината, да ја пронајдете во другите, да го оставите светот со здраво дете и мало парче градина, да знаете дека неговиот живот бил полесен благодарение на вас... Тоа значи дека сте успеале да живеете среќен живот“.
Својата објава ја завршува со зборовите: „Успеа Р.В.“.