Како изгледаат новите ангели на Victoria’s Secret?
- Детали
- среда, 05 август 2015
Кога помислувате на ангели на Victoria’s Secret голема е веројатноста дека во глава ви доаѓаат имињата на култните модни икони како Адријана Лима, Жизел Бундхен, Хајди Клум и Алесандра Амбросио.
Но, покрај нив, речиси секоја година доаѓаат нови модели во редовите на Victoria’s Secret . Некои од славните ги симнаа своите крилја, а сега нив ги наследија новите модели.
Ова се трите нови ангели на Victoria’s Secret:
1. Лаис Рибеиро
Веќе добро познато е дека Бразилките владеат меѓу ангелите, а таков е случајот и со Лаис. Таа е родена на 5 Октомври 1990 година. Пред Victoria’s Secret соработувала со неколку поголеми брендови како: Chanel, Louis Vuitton, Gucci, Dolce & Gabbana и Marc Jacobs. Крилјата официјално ги доби во 2015-та година иако веќе 5 години учествува на модните ревии на Victoria’s secret.
2. Сара Сампајо
Сара Сампајо е португалска манекенка родена на 21 Јули 1991 година. Таа најчесто рекламира долна облека и костими за капење за списанија како: GQ, Elle, Vogue, Glamour и Sports Illustrated, па и соработката со Victoria’s Secret не и била тешка. Таа дебитирала на ревија на Victoria’s Secret во 2013 година, а во 20015 година ја доби титулата Ангел на Victoria’s Secret и ги доби своите крилја.
3. Марта Хант
Марта е американска манекенка која за првпат се качила на модната писта во 2007 година на модната недела во Париз. Родена е на 27 Април 1989 година и како и Сара и Лаис и Марта официјално ги доби своите крилја во 2015 година.