Патиките на Клои Кардашијан имаат личен „фитнес гардеробер“ (фото)
- Детали
- четврток, 30 јули 2015
За Клои Кардашијан вежбањето е прилично сериозна работа. Тоа може да се забележи и по фотографиите кои постојано ги објавува заедно со мотивирачките пораки како: „Потта е плачот на мастите“.
Но, никој досега не би можел да биде целосно свесен за тоа колку и е важно вежбањето сè додека не погледне во нејзиниот гардеробер. Таа има посветено дури 14m2 само за нејзината фитнес опрема.
„Фитнес гардероберот“ на Кардашијан е ултимативниот простор за складирање на нејзината неверојатна фитнес колекција. Покрај многуте топови, блузи, маици, хеланки и шорцеви во кои може да се релаксира за време на и по вежбањето, таа има и полици за обемната збирка на патики и посебни фиоки за спортските градници и додатоците за вежбање.
Дури има и мини фрижидер со „Фиџи“ Вода за да се хидрира пред да се сретне со својот сакан тренер, Гунар Петерсон.