Лицето на Мег Рајан се топи (фото)
- Детали
- четврток, 09 јули 2015
Помина многу време откако Мег Рајан се појави за последен пат на црвениот тепих, но во вторникот таа се појави на Париската модна недела и изгледаше непрепознатливо.
53-годишната актерка по цели 14 месеци, пред неколку дена се појави на Париската модна недела и изгледаше прилично чудно. Нејзиниот пластичен изглед не ја спречи нејзината беспрекорна и постојана насмевка.
Се чини како часовникот да запрел за неа, бидејќи нема ниту една брчка на лицето. Како сè уште да е во своите 30-ти години.
Сега има порцеланско лице, сосема поинаков нос и видно се забележуваат оперативните зафати околу нејзините очи. Тие се сосема подигнати.
Нејзиниот лик сега е далечен, посебно од оној добро познат топол лик кој се појавуваше на големите екрани во забавните романтични филмови.
И покрај забележливите промени, Мег никогаш јавно не се изјаснува околу можните операции и во што точно е тајната на нејзиниот изглед.
„Не сакам да подлегнам на некоја одвратна операција која не ми гарантира дека ќе ја задржам работата и дека нема да бидам неприфатена“ – вели, Рајан.
Сепак, изгледа како лицето да и се топи...