Двојничка на Анџелина Џоли: Мажите се плашат да ми се приближат!
- Детали
- четврток, 02 јули 2015
27-годишната девојка која личи на Анџелина Џоли тврди дека сличноста со познатата актерка и го уништува животот.
Згодната Вероника Блек постојано е опсипувана со комплименти и луѓето во неа ја препознаваат познатата актерка благодарение на нејзината црна коса и полни усни, но таа се жали дека мажите често се плашат да и се приближат.
Канадскиот модел кој има дури 658.000 следбеници на Инстаграм вели: „Сингл сум веќе година дена и откако излегов од 5-годишната врска, долго не можам да го најдам Вистинскиот“.
„Сакам постари мажи, слични на Бред Пит. Но, да бидам искрена мажите како да бегаат од мене. Мојот изглед ги плаши и не ми се приближуваат“ – објаснува младата Вероника.
„Генерално тие се многу нервозни покрај мене и почнуваат да се тресат што лично ме вознемирува, бидејќи во основа јас сум добра и мирна личност. Само оние „лудаците“ ми се приближуваат и се прилично груби откако ќе ги откачам.“
„Добар и вреден маж ми нема пристапено, а јас сум премногу срамежлива за сама да се претставам“ – вели, двојничката на Џоли.
Првите сличности со познатата актерка се препознаени од медиумите во 2011-тата година кога таа започнала да ги пополнува усните. Нешто потоа не минувал ден, а да не биде застаната на улица и распрашувана за нејзиниот изглед.
„Сè се случи одеднаш. Бев обична девојка која работеше како продавачка, а потоа луѓето започнаа да ја препознаваат Анџелина Џоли во мене.“
На самиот почеток комплиментите биле добредојдени, бидејќи и ја покачиле самодовербата особено затоа што во училиште често била малтретирана и навредувана.
„Малтретирањето започна кога имав 8 години и траеше до мојата 18-та година. Често ми викаа дека сум грда и дебела.
Никогаш не бев канета на забави и ниту едно момче не сакаше да биде со мене“ – раскажува Вероника.
„Сигурноста и самодовербата малку се вратија откако ги потрошив првите 7.000 фунти за зголемување на градите“ – објаснува.
Денес таа постојано тренира за да ја одржи линијата и нејзиниот прекрасен изглед. Има многу малку пријателки, бидејќи повеќето се плашат дека ќе им ги украде дечковците, но оние кои вистински ја познаваат ја сакаат и почитуваат.
Иако е задоволно од тоа како нејзината трансформација влијаела на нејзината самодоверба, таа посакува момче кое ќе ја сака што е прилично тешко да го запознае.
„Сега уживам во тоа што сум сингл, но би сакала еден ден да се омажам и да си оформам свое семејство“ – заклучува двојничката на Анџелина Џоли.