По Хосе Армандо и Есмералда сподели фотки на Твитер. Како изгледа денес?
- Детали
- четврток, 02 јули 2015
Шпанската актерка Летиција Калдерон, која ја паметиме од главната улога во серијата Есмералда, имала мала незгода за време на снимање па фотографиите од повредите на брадата ги објавила на Твитер.
Веднаш по брзата интервенција објавила две фотографии преку кои и се заблагодарува на екипата на серијата „A Que No Me Dejas“ што се грижат за неа.
Изминатата година таа отворено признала дека кога била на врвот на својата кариера била и зависник од кокаин.
„Бев млада, на врв на кариерата, материјално сигурна и сè ми беше достапно. Непромисленоста можеше целосно да ми го уништи животот“ – изјавила во интервју за една Мексиканска ТВ емисија.
Се одлучила за рехабилитација откако нејзина пријателка починала од предозирање.
Денес таа е мајка на две деца и сè уште глуми во серии.