Рекордери: 5-те најкратки холивудски бракови
- Детали
- среда, 24 јуни 2015
„Додека смртта не нè раздели“ е ветувањето кое си го дале, но многу брзо се предомислиле. Некои по 1 месец, некои по неколку дена, а некои пак по само неколку часа.
Еве кои се рекордерите кога се работи за најкратките бракови меѓу славните:
5. Џенифер Еспозито и Бредли Купер
Иако можеби не знаевте за овој брак, тој траел цели 4 месеци. Новото момче на Ирина Шајк има еден рекордно неуспешен брак зад себе кој се одржа во декември 2006-та година, а веќе во мај 2007-ма Џенифер и Бредли беа разведени.
4. Ким Кардашијан и Крис Хемфрис
Фамозниот брак од само 72 дена беше тема на трачеви долго време. Откако беа верени 90 дена, се венчаа на 20 август 2011 година, а веќе на 31 октомври Ким бараше развод зарад ненадминливите разлики, како што наведува. Додека Ким сега е среќна и бремена по втор пат, Крис неколку пати има изјавено дека Ким е неговата најголема грешка.
3. Еди Марфи и Трејси Едмондс
Актерот Еди Марфи беше во брак „цели“ 2 недели со Трејси Едмондс. По овој брак Еди повторно се ожени, но за промена овој брак траеше цели 10 години.
2. Кармен Електра и Денис Родман
Ексцентричниот Денис Родман успеа да издржи се на се 9 дена во брак со Кармен Електра. Се венчаа во ноември 1998 година, а само неколку дена подоцна кошаркарот побара развод од плејбој зајачицата тврдејќи дека во текот на церемонијата во Лас Вегас бил пијан и не знаел што прави.
1. Бритни Спирс и Џејсон Александер
Меѓу најкратките бракови, нивниот дефинитивно е најкраток. Тие се венчаа во Лас Вегас под дејство на алкохол и биле во брак само 55 часа.