Сигурни сте дека сакате да изгледате како холивудска ѕвезда? Размислете повторно
- Детали
- четврток, 21 мај 2015
Можеби имаат луксузен и исполнет живот, но тоа не значи дека живеат добро. Дел од јавните личности и најголеми ѕвезди се далеку од совршени, ја преминуваат секоја граница на слабоста и имаат премал број на килограми.
Иако до сега очајно посакувавте да бидете како Викторија Бекам или Анџелина Џоли, по овие слики големи се шансите дека ќе се предомислите.
Првиот негативен пример е сопругата на Чарли Шин, Дениз Ричрдс која е најслабата ѕвезда на денешницата. Мајката на две девојчиња некогаш важеше за најубава русокоса, но денес важи за уште една анорексична ѕвезда.
Бившата манекенка Петра Немцова исто така го сруши рекордот на слабост на Канскиот фестивал.
Али Лартер е уште една позната слаба актерка за која здравјето не е пред „убавината“.
Мишел Алвез е бразилски супермодел кој на плажа покажа дека модните стандарди знаат да бидат брутални и претерани.
Викторија Бекам исто така како од ден на ден да е се послаба. Веќе со години кружат гласини дека се изгладнува за да има манекенска линија, иако таа негира.
Последната дама за која јавноста сериозно се загрижи е Анџелина Џоли. Иако некогаш важеше за секс бомба, сега нозете и личат на обични чепкалки.
За жал, секоја убавина во животот си има цена...