Даниел Кајмакоски пристигнува на црвениот тепих на Евровизија (видео)
- Детали
- понеделник, 18 мај 2015
Утре е првата полуфинална вечер на Евровизија на која ќе настапи и нашиот Даниел Кајмакоски.
Денес е офоцијалното отворање и дефилето на црвениот тепих. Даниел Кајмакоски во спортско елегантна комбинација од црни панталони, бела кошула, црна вратоврска и сиво сако, со патики на нозете прошета придружуван од тројцата пратечки вокали.
Даниел претходно ја одржа и генералната проба на која можевме да видиме како отприлика ќе изгледа неговиот настап, се одржа и македонската вечер на која се претстави македонската култура преку храната, виното, музиката и видеата за „Македонија вечна“.
Ова е дел од снимката за пристигнувањето на Даниел на црвениот тепих: