Како изгледаат денес фраерите од серијата „Сексот и градот“?
Иван Хендлер (Хери Голденблат)
Сопругот на Шарлот во последните неколку години може да го видиме во серијата „Californication“.
Вили Гарсон (Стенфорд Блеч)
Тој секогаш ги добива улогите за најдобар пријател. Некогашниот најдобар геј пријател на Кери Бредшо, денес е најдобар пријател на Мет Бомер во серијата „White Collar“.
Марио Кантоне (Ентони Марантино)
По улогата во „Сексот и градот“, повеќе се посвети на театарот. Негова страст се стенд ап комедиите кои му донесоа голема популарност.
Џејсон Левис (Смит Џерод)
Ништо помалку сексапилениот Џејсон Левис, и денес измамува воздишки кај многу жени. Играше во сериите „Волшебнички“ и „Браќа и сестри“. Една од поновите улоги му бешe улогата во „Како ја запознав вашата мајка“.
Џејмс Ремар (Ричард Рајт)
Покрај улогата на љубовник на Саманта, значајна за него е и двојната улога во популарниот филм „Django Unchained“ од 2012 година.