Моника Белучи без градник се прошета низ Париз (фото)
- Детали
- четврток, 16 април 2015
Таа може да го облече и најлошото парче гардероба или ништо да не облече и повторно секогаш ќе биде забележана на секој чекор.
Таа е најубавата италијанска глумица и дефинитивно една од најубавите жени во светот.
Иако веќе ја заокружува петтата деценија од животот, Моника Белучи станува само сè подобра и поубава. Тоа го покажа и на снимањето во Париз.
Облечена само во црно струкирано одело од панталони и сако, во комбинација со проѕирна црна кошула, под која не носеше градник, ги изненади сите, но пријатно.
Уште еднаш докажа дека ниту годините, ниту брчките и облините не можат да ѝ застанат на патот на италијанската грациозност, женствениот стил и храброста.