Кубанската Ким Кардашијан е 100% природна (фото)
- Детали
- среда, 15 април 2015
Ким Кардашијан дефинитивно е една од најозборуваните личности во шоу бизнисот, па не е чудно кога и многу други сакаат да ја копираат или да се споредуваат со неа.
Иако реално ништо значајно нема постигнато и направено освен што е старлета и е дел од реалното шоу на семејството Кардашијан, сепак таа успеа да се избори за својот публицитет и место на сцената.
Тоа најмногу го постигна благодарение на своите облини со кои му покажа на светот дека и плус сајз моделите можат да бидат секси.
После неа уште многу девојки со слични пропорции се охрабрија да се покажат во јавност и да бидат горди на своето тело.
Меѓу нив е и Кубанката Кети Фереиро (21), која се заканува да ја надмине славата на Ким.
Таа е прогласена за нејзина двојничка откако фотографиите на нејзиниот Фејсбук профил привлекле огромно внимание.
Таа тврди дека нејзиниот задник е 100 % природен, а и дека на ниедна нејзина фотографија нема употребено Фотошоп.
Истото го потврдува и ПР-стручњакот Џон Чент кој изјавил: „Најдоброто нешто во врска со нејзиното тело е тоа што е природно и поради тоа привлекува внимание. Таа е прекрасна девојка со облини на вистинските места“.
Која би ја одбрале вие, американската или кубанската Ким Кардашијан?