Мадона падна преку 3 скали додека пееше на Brit Awards (видео)
- Детали
- четврток, 26 февруари 2015
Овогодинешниот настап на Мадона дефинитивно ќе ѝ остане долго во сеќавање. Таа на сцената се појави со бројни танчари кои ја придружуваа. Но, уште на самиот почеток се случи нешто што сигурно не било дел од сценариото.
Еден од танчарите ѝ ја повлече предвреме наметката која ја носи и таа падна преку 3 скалила. Според реакцијата, очигледно беше колку е непријатно изненадена, но сепак успеа како вистински професионалец да стане и да продолжи со изведбата на „Living for love“.
Мадона на сцената на Brit Awards се појавува по 20 години и на овој или оној начин, намерно или случајно, повторно ги полни насловните страници.
Сепак, подоцна изјави дека се чувствува добро и дека целата незгода се случила затоа што Армани наметката ѝ била премногу цврсто врзана.
Без разлика на сè, нејзината професионалност е на високо ниво и сè уште останува поп-кралица на денешницата која на секој начин знае да приреди вистинско шоу.