Конкуренција на сестрите Кардашијан: Побогати, позгодни и попаметни (фото)
- Детали
- вторник, 17 февруари 2015
Надин, Алис и Фарах Абдел Азис поради својот гламурозен стил на живот и чувството за мода се прогласени за либанска верзија на сестрите Кардашијан.
Исто како Ким, Кортни и Клои и овие сестри ќе имаат свое реално шоу кое ќе се прикажува нивниот секојдневен живот во Бејрут.
Либанската телевизија LBC најави дека наскоро ќе го прикажува шоуто „Сестри“, а камерите ќе ги следат девојките во секој чекор.
Тие станаа познати во својата земја благодарение на Инстаграм профилите и блогот „Style in Beirut“ кој го започнале во 2013-та година. Сега имаат над 100.000 фанови и секојдневно објавуваат инспиративни фотографии во врска со модните стилови и трендови.
Исто како сестрите Кардашијан и овие имаат долги темни коси, сакаат да носат скапа дизајнерска облека и да се фотографираат.
Како што кај Кардашијан најистакната е Ким, така кај сестрите Азис, средната сестра Надин е веќе позната и заслужна за нивната популарност.
Таа е модел за една агенција од Дубаи, а била и во финалето на светскиот избор за Мис туризам 2012. Зборува 4 јазици, меѓу кои и романски и арапски, сака да чита, да плива и да патува.
Најстарата сестра Алис е најпаметна и најобразована. Во 2009-та година дипломирала маркетинг на Либанско – американски универзитет, таа го основала и го води блогот на сестрите, а работи и како консултант.
Најмладата сестра Фара е позната како Фафи, има дипломирано менаџмент на Универзитетот Св. Јозеф во Бејрут. Има работено и во банка.
Сите три се големи фанови на сестрите Кардашијан и сакаат да бидат како нив и да достигнат светска популарност преку своето реално шоу, кое премиерно ќе се прикажува кон крајот на месецот.