Џеј Ло и Никол Шерцингер за милион фунти пееле на индиска свадба
- Детали
- петок, 13 февруари 2015
Еден индиски тајкун за својата свадба решил да потроши мало богатство, но да ја има привилегијата да му пеат едни од најатрактивните светски пејачки, Џенифер Лопез и Никол Шерцингер.
Потрошил 15 милиони фунти, од кои 1 милион за пејачките. Имал дури 16.000 гости, 208 платени приватни авиони, специјални BMW автомобили за да ги пренесат гостите до Мумбај и резервирани соби за нив кои чинеле по 3000 фунти за ноќевање, плус луксузен апартман за Џеј Ло.
Сето ова си го дозволил 50-годишниот Санџај Хиндуџа чие семејно богатство е проценето на 11.9 милијарди фунти.
Среќната невеста е Ану Махтани, а свадбата се одржала во еден од најлуксузните хотели Jagmandir Islan Palace, во индискиот град Удаипур, а траела една недела.
Никол Шерцингер се вклопила во стилот на свадбата облечена во традиционална индиска облека, а Џеј Ло сепак останала доследна на својот луксузен и по малку разголен стил и сценски настап, како на вистински концерт.
Според фотографиите кои и самите ги објавуваа на социјалните мрежи, може да се забележи дека убаво си поминале и целосно уживале: