Од ѕвезди до просјаци: Богати спортисти кои останале без пари
- Детали
- четврток, 29 јануари 2015
Многумина посакуваат да бидат спортисти само поради парите кои ги добиваат бидејќи мислат дека милионите доаѓаат заедно со потписот на договорот. Но, големите пари со себе повлекуваат и големи одговорности.
Денис Родман
Некогашната ѕвезда на НБА лигата и освојувачот на шампионскиот прстен со Чикаго Булс и Детроит Пистонс, Денис Родман е само еден од спортистите кои банкротирале.
Неговите тетоважи, пирсинзи и обетки како и разните фризури правеа да изгледа опасно, па на терените доминираше, но надвор од нив брзо пропадна.
Неговиот проблем со алкохолот и дрогата го доведоа до просјачки стап, а само на сопругата за алиментација ѝ должи $808.935 долари.
Латрел Спривел
Тој е поранешен кошаркар на НБА кој има играно за три различни тимови, а негов најпознат период е додека играше за „New York Knicks“.
Остана запаметен по тоа што на еден од тренинзите со екипата на Оукленд се спречка со тренерот кој се обиде дури и да го задави.
Беше еден од оние спортисти кои поседуваат јахта, но до крајот на 2007 остана и без неа. Му ја запленија поради долгови, а брзо потоа го загуби и домот.
Две години подоцна објави дека банкротирал.
Мерион Џонс
Мерион е атлетичарка која трипати освои златен медал на Олимписките игри.
Нејзината кариера пропадна кога се откри дека користела допинг. После тоа ѝ беа одземени медалите и наградите.
За сето тоа да биде уште полошо, призна и дека фалсификувала чекови.
Ивандер Холифилд
Ивандер е боксер кој беше петпати светски шампион. Запаметен е по тоа што на еден меч Мајк Тајсон му го одгриза увото.
Има достигнато голем успех и надвор од рингот и тоа со бројни професионални зафати.
Сепак славата му заврши кога му беше одземена куќата во Атланта, вредна околу 10 милиони долари.
Исто така, една од шесте жени со кои има деца го тужеше за неплаќање на алиментација од вкупно $550.000 долари.
Ален Ајверсон
Тој е поранешна ѕвезда на НБА, а проблеми правеше и на терените и надвор од нив. Ретко кој можеше да игра како него, па беше страв и трепет за противниците.
Сепак, во приватниот живот правеше поинакви проблеми. Толку големи што адвокатите тешко можеа да го одбранат.
Една од најскапите тужби била од Мерлин Гадфреј кој бил нападнат од обезбедувањето на Ајверсон во еден ноќен клуб. Тужбата е проценета на $260.000 долари.
Ален изгуби на суд, а подоцна и неговата сопруга се разведе од него и бараше секој месец да плаќа висока алиментација.