Гвинет Палтроу без шминка: Оваа жена троши цело богатство за нега (фото)
- Детали
- четврток, 08 јануари 2015
За разлика од нејзините врснички и колешки, Гвинет не се плаши да го покаже своето природно лице.
На својот Инстаграм профил неодамна објави „пред и потоа“ фотографии на кои разликата е очигледна, но истовремено и симпатична.
На првата фотографија Гвинет го покажа своето бледо и малку изморено лице со сите видливи брчки, додека на втората фотографија изгледа гламурозно со помош на истакнатите зачадени очи.
Странските медиуми тврдат дека за ваквиот природен изглед Гвинет троши по околу 14.000 долари месечно за нега.
Во текот на месецот таа издвојува 2.220 долари за Реики масажа, а љубител е и на витамински терапии кои чинат по 289 долари по сесија.
Ласерските третмани кои исто така се заслужни за нејзината беспрекорно чиста кожа чинат по околу 17.000 долари, а за третманите во фризерски салон Гвинет одвојува по 9.000 долари годишно.