Откриено е зошто Анџелина Џоли е толку слаба
- Детали
- четврток, 25 декември 2014
Откако во последно време постојано е на мета на критичарите поради тоа што изгледа премногу слабо, конечно е откриена причината.
Анџелина е позната како хумана, солидарна и сочувствителна личност, па како таква се покажала и за време на снимањето на филмот кој го режира, „Unbroken“.
Со оглед на тоа што повеќето од актерите глумат затвореници во логор и се на диета со многу малку храна, таа решила да им даде поддршка со тоа што и таа нема да јаде.
Според некои извори, Анџелина секојдневно доаѓала на сетовите од снимањето, ја следела целата работа, им делела совети на актерите и речиси воопшто не јадела.
Се смета дека токму тоа е причината што таа изгледа сè послабо и послабо.
Погледнете го трејлерот за нејзиниот филм „Unbroken“: