Елена Ристеска директно во финале на ТЛЗП!
- Детали
- понеделник, 22 декември 2014
Во полуфиналето на реалното шоу „Твоето лице звучи познато“, иако Елена настапи свртена со грб и статична, згора на тоа и толку многу настината, што едвај ги пееше високите делови во песната на Сиа, сепак публиката ја сака.
Таа го даде максимумот од себе, но со оглед на здравствената состојба тоа беше далеку од она што вообичаено го покажува. Од жирито доби поддршка, но малку поени.
Сепак, со оглед на тоа што овојпат беше овозможено и СМС гласање од публика, таа беше второ место според бројот на гласови.
За да се одберат петмината кои продолжуваат во следната емисија, односно финалето се собираа сите бодови, од жирито, меѓусебно од натпреварувачите и публиката.
Според тоа, Елена имаше чиста десетка и покрај израмнетите бодови со некои од останатите, предност имаше публиката и Елена продолжува во големото финале.
Ако оздрави до тогаш и се претстави во многу подобро светло, може и да победи!
Погледнете го нејзиниот настап: