Џеј Ло ги покажа стомачните плочки и задникот на АМА
- Детали
- понеделник, 24 ноември 2014
Уште еднаш покажа дека годините ништо не ѝ можат. Облечена во средно долг свилен фустан со нежна розева боја, отворен токму на оние делови кои сака да ги истакне, Џеј Ло прошета на црвениот килим на Американските музички награди.
Отворот на стомакот беше доволен за да ги открие нејзините секси затегнати стомачни мускули, на кои многу девојки можат да ѝ завидат.
За време на настапот, пак, немаше ништо друго поатрактивно во вечерта од нејзиниот задник и провокативните движења на песната „Booty“ која ја изведе заедно со Иги Азелија.
Облечена во ултра секси црно-бел светкав едноделен костум, со одлична кореографија, ја вжешти максимално атмосферата.
Џенифер Лопез дефинитивно има што да покаже: