Нова сезона на омилената серија „Сексот и градот“
- Детали
- понеделник, 17 ноември 2014
Колку пати досега ги имате изгледано сите епизоди и сезони од култната серија? Сигурно си велите доволно беше, веќе не ги гледам, но кога и да начекате некоја сцена, останувате хипнотизирани и ги гледате како да ви е првпат. Но, потајно посакувате да знаете што се случува и по последната епизода.
На радост на многумина веќе се шират гласини за снимањето на третото продолжение на филмот „Сексот и градот“, но постојат и јасни знаци дека омилената серија ќе добие уште една сезона.
Мајкл Патрик Кинг, продуцентот на серијата која ги сруши сите табуа поврзани со сексот, навести дека е многу веројатно четирите пријателки повторно да се обединат и да се вратат на малите екрани.
„Неспорен е фактот дека тие живеат меѓу гледачите. Не само што серијата често се репризира, постојано се гледаат старите епизоди и сезони, се цитираат нивни дијалози, туку и луѓето постојано поставуваат прашања за тоа што се случува понатаму со животот на Кери, Саманта, Шарлот и Миранда. Дефинитивно можно е да се снима продолжение. Сите опции се отворени“ – изјавил тој.
Ако никогаш не се презаситивте од безбројните навраќања на сцените кои не ви даваат да го смените каналот, доколку случајно фатите некоја епизода, сигурно сте меѓу првите кои едвај ќе ја чекаат новата сезона.